Амфитеатарот во Варош комплетно се реновира. Се заменуваат дрвените штафни на седалата за публиката, се чистат и преуредуваат плочите, а се планираат и многу други работи со цел амфитетарот да биде место каде ќе се одржуваат голем број манифестации и настани – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп на социјалните мрежи, и дополнуваат дека летово овој простор ќе живее во знакот на културните и музичките настани.
Секако ова активност е за пофалба, но она што го бараат прилепчани е и изградба на нов театар за еден од најдобрите театарски ансамбли во Македонија – “Војдан Чернодрински”. Политичарите со години ветуваат нова театарска зграда, а актуелните локални власти ветија проект за реновирање на постоечката, но ниту едното, ниту другото, досега не е на повидок.


























