Момчето ја запроси, па таа сакаше веднаш да се пофали – оваа фотографија предизвика урнебес на интернет

Оваа фотографија стана голем хит на интернет. Која е причината за тоа?

Џена, која се нашла во вистинскиот момент, на вистинското место и ѝ ја „позајмила“ својата рака на нејзината братучетка која ја запросиле.

На првата фотографија ги гледаме среќните младенци, додека на втората, Џена, која е од Мелбурн, Австралија, позира со прстенот на идната невеста на својата рака. Таа појаснува дека нејзината братучетка била запросена од страна на момчето, но нејзините нокти не биле средени.

Многу од корисниците потврдиле дека не забележале ништо невообичаено на првата фотографија и ѝ честитале на Џена за снаодливоста.

„Ти си навистина добра братучетка…“, „Не сите херои носат наметки“ се само дел од коментарите на луѓето.

„Маж ми ми предложи да се почестам со маникир ноќта пред да ме запроси. Требаше да знам дека нешто се подготвува“, шеговито допишала друга жена.