Моден поп-ап настан, „Есен во мојот град“ на Креативен ден – мода со вредност и хумана цел во Битола

Во својата континуирана заложба за подигнување на имиџот, вредноста и довербата во модната и текстилната струка, националниот моден настан Креативен Ден организира моден поп-ап настан „Есен во мојот град“, на 21. ноември од 17:00 ч. во Премиер хотел и ресторан, Битола.

Zarya, доаѓа како природен развој на целата активност со Креативниот ден, расте како креативна платформа која ги иницира сите активности.

Пред публика со изграден вкус и чувство за естетски вредности, ќе бидат претставени модни креации и авторска работа, со цел да се поттикнат квалитетот, креативноста и поддршката за домашната модна сцена.

Настанот има и хумана димензија – дел од остварената продажба ќе биде наменет за хуманитарните активности на Лајонс клубот Кабадаја, чии членки се поддржувачи и активни учеснички во иницијативите на Креативен Ден од самиот почеток.
Мода што создава вредност. Креативност што поттикнува промени. Солидарност што остава трага.

Дизајнерите кои ќе бидат дел од настанот се: Ивана Кнез (Drama); Сара Величковска (Аtelier Melteque), Monsolo, A-court, Mayaclothing, Симона Јовчевска, Hristijanaclothing brend, Ивана Ангова, Malikowski-кринолини мајстор, Анастасија Зулевска.

Содржината ќе ја обојат и Aura Cosmetics, пријателите на мисијата на Креативниот ден, а за време на поп апот ќе биде промовирана и Loyalty Friendly card за креативната заедница со што ќе се понуди и поинакво купувачко искуство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.