Младите шампиони на Победа ја започнаа својата шампионска епопеја: Утрово тргнаа на пат до Северна Ирска (Фото)

Mладинскиот тим на Победа минатата сезона ја израдува фудбалската јавност во Прилеп, откако ја освои титулата во домашното првенство, а трофејот на младите фудбалери им донесе шанса да настапат во младинската Лига на шампиони.

Во воведниот натпревар Победа ќе се соочи со младинскиот шампион од Северна Ирска, екипата на Колерајн, а првиот натпревар од двомечот се игра на гостински терен.

Mладите црвено-бели утрово ја започнаа својата епопеја до островската земја. Победашите ќе треба да сменат дури 7 авионски летови и 4 автобуси за да пристигнат во Северна Ирска. Звучи неверојатно, но вистината е таа.

Патувањето ќе трае цели 24 часа, а натпреварот со Колерајн се игра во среда.

Да им посакаме среќа и да очекуваме позитивен резултат!





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.