Младите македонски фудбалери ја сомелија Унгарија: Од силниот турнир се враќаат со две победи и еден пораз

Македонската надежна селекција до 18 години ја победи убедливо Унгарија со 3-0 во третиот меч на силниот турнир во Чешка и со два триумфи и пораз се враќаат како третопласирани, оставајќи силен впечаток за доста талентирана генерација од која во иднина треба да се очекува повеќе.

Македонија на турнирот тргна со пораз од Украина со 1-2, па завчера надежите ја победија Словачка со 3-2, а сега против Унгарија славеа со убедливи 3-0 и тоа со голови постигнати за неполн половина час откако почна мечот – со головите на Николов (10-та), Фета (23.) и Новески (27.).

Полн погодок беше настапот на црвено-жолтите на турнирот „Вацлав Јежик“, особено што во селекцијата има низа екстраталентирани фудбалери, кои допрва со правилен развој може да го покажат сиот свој потенцијал и да бидат голема иднина на македонскиот фудбал.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.