Миле Талески постигна хет-трик од изборни порази

Единствениот пратеник на СДСМ од Прилеп, Миле Талески, руши рекорди, но негативни. Со последниот изборен пораз кој неговата партија го доживеа вчера, Миле запиша “three in a row”.

Раководството на СДСМ Прилеп го продолжи изборниот молк, а членовите бесни бараат одговорност од највисоките структури во партискиот огранок?

По вчерашната убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Миле Талески постигна хет-трик од изборни порази. Неофицијалните информации говорат дека во СДСМ Прилеп овој резултат бил дочекан тензично.

Ќе собере ли храброст Миле Талески да им објасни на членовите во кој правец ќе се движи партијата по големиот пораз?






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.