Месарница ПИРГАН и BURGER BOOM со нова понуда: Скара на кило и четири дена бесплатна достава!

Препознатливиот квалитет и вкус по кои месарницата „ПИРГАН“ со години е позната меѓу прилепчани отсега ќе бидат достапни и во форма на скара на кило, подготвена за сите љубители на добрата скара.

Од денес, среда (25 ноември), месарницата „ПИРГАН“ и нивниот fast food ресторан BURGER BOOM започнуваат со продажба на скара на кило, со разновидна понуда и особено пристапни цени.

Подготовката ќе се одвива во сопствениот објект на BURGER BOOM, кој се наоѓа на кејот на Градската Река, во новата катна гаража, каде што потрошувачите ќе можат да ја нарачаат својата омилена скара и да уживаат во квалитетот по кој е препознатлив „ПИРГАН“.

Во понудата се застапени различни видови скара, меѓу кои и добро познатиот амур за скара, а достапни се и ширдени по нарачка, ребро печено во фурна и уште многу вкусни специјалитети.

Покрај новата понуда на скара на кило, во BURGER BOOM потрошувачите можат да избираат и од богатиот асортиман на хамбургери, пици, пастрмајлии и печени сендвичи.

А за почеток на новата понуда, следува и посебна поволност за сите потрошувачи!

Во наредните четири дена, од денеска до сабота (28 ноември), доставата ќе биде целосно бесплатна, па љубителите на скарата ќе можат да ја нарачаат својата омилена храна директно до својот дом.

За нарачки и повеќе информации јавете се на 078 786 000.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.