Малолетници од Прилеп завршија во полициска станица – фрлале со стаклени шишиња, оштетиле излог и инвентар

На 23.02.2024г. во 01:10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул. “Орде Тутески”, при што со стаклени предмети бил оштетен излогот и инвентарот во објектот.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.