Македонија има таленти кои прават чуда: Битолчанец направи краток научно фантастичен филм што ќе ве остави без здив (ВИДЕО)

Димитар Бежановски од Битола e студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ и е вистински талент.

Пред неколку дена Димитар го објави својот најнов проект наречен “Intruder” (Натрапник), што претставува краток научно фантастичен филм, кој ќе ве воодушеви – објави локалниот битолски портал “Бабам Битола”.

Ова е доказ дека Македонија врие од таленти на кои не им се потребни софистицирани опреми, студија и многу пари за да покажат што можат и умеат.

Димитар е еден од тие таленти кој според ова што го погледнавме веруваме дека ќе постигне многу, многу повеќе во својот живот.

Во продолжение погледнете го “Intruder”: