“ДИМИТРОВ, ЌЕ МУ СЕ ИЗВИНИШ НА НАРОДОТ: Господине Димитров, ти ветувам дека јавно ќе се извиниш!”

Посакувам почит, радост и безбедност и чест по нашите улици. Да има благосостојба. Го замолувам секој граѓанин да покаже лојалност кон државата, а од државата да очекува пристоен живот. Ви ветувам сонот на секој граѓанин во овој пат до конечен триумф, е да ги гледа своите луѓе среќни – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот протест пред Владата.

“Но, луѓето стануваат се поразочарани бидејќи гледаат дека оваа власт не може да им понуди поквалитетен живот. Доста е веќе, немаме време да ве чекаме. Веднаш да заминете, а првиот знак ќе бидат претседателските избори. Секој ден влијаат врз луѓето дека прават нешто со тоа што нарачуваат вести. Го узурпираат јавниот простор, ќе сретенете армадила на гласноговорници кои се платени со народни пари кои ќе ве убедуваат дека поразот не е пораз, туку триумф, ќе плукаа по мене и по опозицијата.

А, не гледаат дека народот си оди. Ме оцрнуваат мене, а слепи се на сите тендери кои се местат. И додека тоа се случува без ронка срам, без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ нема никогаш тоа да го прифатат и тоа го покажаа на референдумот.

Тргнавте да го прекрстите нашиот народ и тоа не ви беше доволно, па го крститвте нација со комплекси. Не сме господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство и ти ветувам дека јавно ќе се извиниш” – ова е дел од обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Владата на Република Македонија, во која пак, власта дискутира за промена на уставот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.