Магдалена Тројачанец Ристевска е избрана за претседателка на Форумот на жени на ОО СДСМ-Прилеп.
Како што информираат од СДСМ, одлуката за нејзино назначување ја донела претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.
Тројачанец Ристевска по професија е специјален едукатор и рехабилитатор – дефектолог, а е вработена во ЈУ Центар за социјална работа Прилеп, во Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост.
Од ОО СДСМ-Прилеп ѝ посакаа успех во извршувањето на новата функција и успешно функционирање на Форумот на жени во рамки на општинската организација.
























