Лино Червар со Еурофарм Пелистер вечерва во Прилеп

Со три победи, два нерешени резултати и еден пораз, Прилеп го држи петтото место на суперлигашката табела, а вечерва во “Ричко” доаѓа ѕвездениот тим на Еурофарм Пелистер, предводен од Лино Червар.

Со сигурност ќе биде натпревар за уживање, а избраниците на Наум Танески, ќе се обидат да го изненадат фаворитот кој во моментов заостанува за еден бод пред водечките Вардар и Алкалоид на табелата.

Натпреварот започнува во 18:30 часот, да ја наполнеме трибината до последно место и да ги бодриме нашите момци!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.