Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани е одличен стилист и фризер, но нејзината пасија не се само фризурите.
Таа со потстрижената коса создава вистински ремек дела. На падот во нејзиниот фризерски салон досега се нашле ликовите на голем број познати личности од шоу бизнисот, како и познати спортисти.
Ликовите се толку реални, чиниш ќе прозборат.
Најновото дело на Светлана е ликот на Игор Џамбазов.