Лидерот Струга во своите редови го донесе прилепчанецот Радески – Во Македонија напаѓачот се враќа од Ерменија

Aктуелниот лидер на табелата во македонската Прва фудбалска лига, екипата на Струга Трим Лум, во пресрет на пролетниот дел од сезоната се засили со напаѓачот Марјан Радески.

Радески кој во досегашната кариера настапуваше за Металург, Шкендија, А. Пандев и Шкупи, во екипата на Струга доаѓа од Ерменија, каде настапуваше за Пјуник.

Со ова Струга најавува дека не се откажува од првото место и најавува битка за шампионската титула.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.