Лајковите и cpцињата на Инстаграм не се и гласови: Инфлуенсерка од Босна беше кандидат за советник, па доживеа дебакл (Фото)

Eмина Јахиќ е една од најпопуларните инфлуенсерки на Инстаграм во Босна и Херцеговина, каде ја следат речиси 180.000 корисници.

Поради оваа бројка таа била ангажирана од партијата Демократски фронт како кандидат за советник во градското собрание на Тузла.

Но, кога реалноста е во прашање, се покажало дека Емина не ужива толкава доверба кај своите сограѓани.

Според податоците, инфлуенсерката Јахиќ освоила само 88 гласови.

Фото: “Инстаграм”








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.