Крушево доби ново возило за собирање и транспорт на комунален отпад

Општина Крушево продолжува со вложувањата во подобрување на комуналните услуги. Општината и комуналното претпријатие отсега располагаат со ново возило за собирање и транспорт на комунален отпад, со кое се очекува унапредување на услугите и одржувањето на јавната хигиена.

Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, кој посочи дека набавката е уште еден чекор кон создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за сите граѓани.

„Со новото возило за собирање и транспорт на комунален отпад, правиме уште еден чекор кон почиста, поуредна и поздрава општина. Продолжуваме да вложуваме во подобри комунални услуги и поквалитетни услови за живот на сите наши сограѓани“, порача Чонески.

Ова е уште една инвестиција во општинските капацитети, откако пред само неколку дена градоначалникот информираше и за набавката на нов мини ровокопач-натоварувач со комплетна опрема, наменет за поефикасно извршување на комуналните активности и одржување на локалната инфраструктура.

Со новата механизација и возило, Општина Крушево ги зајакнува капацитетите за извршување на комуналните работи, со цел подобри услуги и поквалитетни услови за живот во Крушево и населените места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.