Кривична пријава за поранешен директор и уште едно лице од Еурокомпозит: Се товарат за злоупотреба на околу 80.000 евра

Одделение за стопански криминал при ПС Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесе две кривични пријави против З.Г. поранешен директор на фабриката “11-ти Октомври – Еурокомпозит” и против уште едно лице со иницијали В.К.

Според информациите кои ги добивме, осомничените се товарат за злоупотреба на службената должност според член 353 од Кривичниот законик, односно за злоупотреба на буџетски пари во висина од околу 80.000 евра, за набавка на 150.000 шлемови од Република Гана.

Повеќе информации очекуваме во наредните денови.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.