Концерт на прилепските пијаниски Христина Никоска и Денис Најдоски во ЦК “Марко Цепенков”

Во четврток 4.10.2018 г. во 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на Дуо Пијано. Ќе настапат пијанистите Христина Никоска и Денис Најдоски. На програмата се дела од Чајковски, Дворжак, Качатуријан. Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Биографија за Христина Никоска

Пијанистката Христина Никоска е родена 1989 година во Прилеп, каде го започнува своето обрзование во музичкото училиште во класата на проф. Виолета Кочоска. Во текот на своето музичко образование посетува часови кај повеќе истакнати пијанистички педагози, ме|у кои: проф. Мери Кавкалевска-Стоилкова, проф. Надежда Пејсахова, проф. Глигор Гелебешев. Средното музичко обрзование го завршува во Скопје, во класата по пијано на проф. Qудмила Романова, а дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска.

Учествува на повеке државни и мегународни пијанистички натпревари, од кои издвојуваме позначајни награди и признанија: Прва награда на натпреварот ‘Свирел’ во Словенија – 2018 год., Прва награда на државниот натпревар по пијано во Скопје – 2010 год., Прва награда на државниот натпревар по камерна музика во Скопје – 2008 год., Втора награда на државниот натпревар по пијано во Скопје – 2006год, втора и трета награда на полифоните конкурси на ФМУ.

Учествува на повеќе семинари кај реномирани педагози: проф. Борис Романов од ФМУ-Скопје, проф. Антонио Сориа од музичкиот конзерваториум во Барселона, Шпанија, проф. Јуриј Кот од Киев, Украина, како и семинарот во склоп на Интензивните мајсторски курсеви во Нови Сад кај проф. Мирослав Красовски од Тел Авив, Израел. Во 2012 година е дел од Европската летна музичка академија, каде работи со проф. Лејла Пула (Косово) и проф. Јаромир Клепач (Чешка).

Покрај овие награди и активности, има остварено повеќе рецитали, настапи и концерти, како солист со Македонската Филхармонија, а и многубројни настапи во склоп на годишните активности на факултетот и средното музичко училиште. Концертира и на чембало и бележи настапи како солист со камерниот оркестар ’Солисти на ФМУ’. Како солист и камерен изведувач, учествува на повеќе фестивали, меѓу кои: Златна лира, Охридско лето, Прилепско културно лето, Скопско лето, Битолско културно лето, шопенови вечери, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, Гевгелиска музичка есен, Мусица Вива, и други. Посебно е значајно нејзиното гостување во Кина, во 2016 година, кога дебитираше на нивните сцени, а во склоп на концертните активности во градот Вејфанг, одржа семинар и мастер клас. Покрај солистичките активности во и надвор од земјава, често настапува и во камерни ансамбли.

Препознатлива е и по својата педагошка работа, каде во својот досегашен стаж има освоено преку 40 награди на државни и меѓународни натпревари со своите ученици. Од 2012 година работи како професор по пијано и корепетиција при ООМУ ‘Ордан Михајловски – Оцка’, Прилеп.

Биографија за Денис Најдоски

Денис Најдоски е роден на 05.02.1993 во Прилеп каде што и го започнува основното музичко образование по пијано во ООМУ „ Ордан Михајлоски – Оцка “ – Прилеп во класата на Михајло Стојкоски. Во 2006 год своето основно образование го продолжува во класата на проф. М-г Снежана Анастасова – Чадиковска во Скопје, каде што во 2007 год. се запишува во средното музичко училиште ДМБУЦ „ Илија Николовски – Луј “ – Скопје, во класата на проф. М-г Снежана Анастасова – Чадиковска. Во 2011 год. започнува со студии на иснтрументалниот оддел по пијано при Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. М-г Рита Трпчева – Поповиќ каде што и дипломира. За време на неговото изучување на инструментот, настапува на голем број државни и меѓународни натпревари, концерти и учество на семинари, од кои како најважни се одделуваат:

2007 2ра награда на државен натпревар по пијано – Битола, 2008 1ва награда на меѓународниот наптревар „ Даворин Јенко “ – Белград Р. Србија, 2008 Специјална награда за изведба на дела од С. Рахманиноф на меѓународниот натпревар „ Охридски Бисери “ – Охрид Р. Македонија, 2009 1ва награда на меѓународен натпревар за млади пијанисти Белград – Р. Србија., 2010 – 1ва награда на државен натпревар по Пијано во Скопје – Р. Македонија, 1ва награда на државен натпревар Хармонија МБ – Скопје, 2ра награда на државен натпревар „ Шопен – Шуман “ – Скопје, 2011 2ра награда на меѓунарноден натпревар за млади пијанисти – Белград Р. Србија.

Камерна Музика:

2005 1ва награда на државен натпревар – Пијано трио категорија, 2009 1ва награда на државен натпревар – Дуо Пијано, 2011 Специјална награда со 100 поени на државен натпревар – Скопје – Дуо Пијано категорија и Grand Prix на истиот натпревар.

Учества на концерти и семинари: Во 2009 и 2010 – концерти на Прилепско Лето. 2009 и 2010 – Вечери на Моцарт и денови на Шопенова музика ( Гевгелија ). 2011 Солистички рецитал во Даут Пашин Амам – Скопје. Голем дел на концерти на Скопско Лето, Есенски Музички Свечености,Денови на македонска музика – Салон 19’19, Денови на Франц Лист, 2015 Солистички Рецитал во НУЦК „ Марко Цепенков “ – Прилеп.

Посетува семинари кај голем дел на професори од кои: Андерј Диев – Русија ( 2011 ) Јокут Михајловиќ – Србија ( 2009,2010 ), Људмила Романова ( 2008,2010 ) Рита Поповиќ ( 2009 – 2011), Маталија Томич – Србија ( 2011 ), Снежана Анастасова – Чадиковска ( 2012 ), Александар Гиндин – Русија ( 2013 ) Даница Стојанова ( 2015 ), Ѓорѓе Манојловиќ – Швајцарија ( 2015 )

Од 2015 до денес работи како професор по пијано и корепетиција во ООМУ „ Ордан Михајлоски – Оцка “ – Прилеп каде што со своите ученици има постигнато големи резултати како во земјава така и надвор од неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.