Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта.
Патот до милионот е следен: од сите пријавени бизнис-идеи на средношколците од Македонија, на 10 ноември ќе бидат објавени 120-те најдобри, по што започнува јавното онлајн гласање кое ќе трае до 25 ноември. Во истиот период ќе бидат организирани и седум менторски работилници, на кои учесниците ќе добијат практични совети за развојот на своите идеи.
На 25 ноември ќе бидат избрани 50-те најдобри тимови, кои на 28 ноември ќе имаат само 90 секунди за да ги убедат инвеститорите во потенцијалот на својата идеја, преку форматот познат како elevator pitch. Од нив ќе бидат избрани 20-те најдобри тимови кои ќе продолжат во големото финале.
На 29 ноември финалистите ќе имаат по пет минути за презентација и уште пет минути за прашања од инвеститорите и жирито, по што ќе биде прогласена победничката идеја што ќе ја освои наградата од 1.000.000 денаривлог во идејата.
Пред десет години некој вложил милион во неговата идеја. Денес тој вложува милион во идеите на средношколците.
Приказната за натпреварот започнува многу пред неговото прво издание.
Пред десетина години, Петар Ниновски, основачот на Brainster, бил млад претприемач со големи амбиции, но и со неизвесност дали ќе успее. Зад себе веќе имал неколку претприемачки обиди, од препродажба на концертни билети до бизнис со накит, кој по неуспешниот почеток во Црна Гора го продолжил во Охрид.
Но пресудниот момент дошол кога група бизнис-ангели поверувале во неговата визија за создавање на подобро образование и му дале почетна инвестиција од еден милион денари.
Со тие средства Ниновски го започнал Brainster, кој во следните години прерасна во образовна групација што обучува илјадници луѓе, создава работни места и развива нови и иновативни образовни програми, а денес е и лидер во Македонија на полето на вештачката или супер интелигенција.
„Пред 10 години некој веруваше во мене, денес ние веруваме во младите и идеите кои носат подобра иднина“, вели Ниновски.
Тројца битолчани покажаа дека милионот не е само сон
Минатогодишното издание на натпреварот покажа дека во Македонија постои огромен претприемачки потенцијал кај младите. Во конкуренција на стотици пријавени тимови, победата ја однесоа тројца средношколци од Битола – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, со тимот Stay BE и бизнис-идејата „Систем 4“.
Нивното решение користи вештачка интелигенција за подобрување на работењето на хотели и ресторани, преку телефонски агенти, чет-асистенти и други дигитални услуги.
Тие не понудија само идеја на хартија, туку реално бизнис-решение со потенцијал за развој и ширење на пазарот. За тоа освоија 1.000.000 денари, а нивниот проект привлече и дополнителен интерес од инвеститори. Инвестициска понуда доби и второпласираниот тим „ПаметПакет“.
Целта е поголема од милионот
Целта на натпреварот е да го поттикне претприемачкиот дух кај младите, да ги охрабри да размислуваат креативно, да препознаваат можности таму каде што другите гледаат проблеми и да научат дека за успешен бизнис не е пресудна возраста, туку идејата, знаењето и иницијативата.
Во наредниот период се предвидени и презентации во средните училишта низ Македонијаво координација со надлежните образовни институции, со цел што повеќе средношколци непосредно да се запознаат со можностите што ги нуди натпреварот.
Минатогодишните победници покажаа дека средношколските години можат да бидат вистинскиот момент за развивање на претприемачките способности, а идеите што денес се раѓаат во училишните клупи утре можат да прераснат во успешни компании.
Токму затоа, организаторите ги охрабруваат средношколците од цела Македонија да ја искористат можноста, самостојно или заедно со своите соученици да развијат бизнис-идеја и да ја пријават на натпреварот. Не е неопходно да имаат готов производ или веќе основана компанија, туку идеја во чиј потенцијал веруваат и подготвеност да работат на нејзиното развивање.
Пријавувањето е отворено до 8 ноември 2026 година на milioner.mk, а на 29 ноември ќе дознаеме во кое средно училиште ќе заврши следниот милион.


























