Кинеските доктори во Србија: Земјата ќе се спаси за 29 дена од вирусот доколку се држи до мерките

Ако од денеска сите во Србија почнат да се придржуваат до сите мерки, на земјата ќе ѝ бидат потребни 29 дена за да ја стабилизира ситуацијата со коронавирусот, е првата проценка на кинеските стручњаци што пристигнаа вчера во Белград.

„За да дојдеме во ситуација да не ни расте бројот на заразени треба од денеска воопшто да не се прекршуваат мерките. Би ни требале 29 дена. Тоа е нивната прва верзија“, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

„Тие уште се оградуваат. Кратко се овде, се запознаваат со нашата ситуација. До утре попладне (понеделник – н.з.) ќе излезат со првиот сет мерки, кои кај нив се покажале добри“, додаде тој.

Во Србија со коронавирус се заразени 222 лица, во болница се 131, од нив на респиратори се ставени 15, а тројца се во доста сериозна состојба, реферира Лончар, нагласувајќи дека последните главно имале други болести.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.