КАРЛА ДЕЛ ПОНТЕ РАСПАЛИ ПО ХАРАДИНАЈ: Тој не знаслужува да биде премиер, него му пресуди судот во Хаг! Косово е прерано признато !

Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, изјави дека “косовската држава прерано призната” и дека не е праведно тоа што Рамуш Харадинај е на функцијата преимер на Косово.

Дел Понте рече дека за неа Косово е сеуште “под знак прашање” и треба да се разгледа косовската ситуација.

Според нејзините зборови, Харадинај не ја заслужува функцијата на која се наоѓа, бидејќи е осуден од Хашкиот трибунал, “но за жал, апелациониот суд го ослободи”.

Таа во интервју за “Koha ditore” рече дека имала големи проблеми кога започнале истрагите за воените злосторници, бидејќи никој не сакал тоа да се спроведе.

Дел Понте вели не можела да направи истрага во “жолтата куќа”, за која во нејзината книга наведе дека таму била тајната клиника која се користела за вадење на органи на 300 српски цивили кои биле киндапирани од ОВК.