Како празнувале во 1990 година Македонците во Рожденскиот манастир (Фото/Видео)

Твит кој не враќа 30 години назад за состојбата во Пиринска Македонија

“Собирот на Македонците од Бугарија кај Роженскиот Манастир во 1990 (делумно слободен), беше аларм за бугарските власти, кои веќе од следната година почнаа да прават проблеми за ваквите собири. Во 2020 негаторската и репресивна политика на Бугарија кулминира”, пишува во описот на фотографијата.

Во коментари под објавата корисникот додава:

“Истата година, српските националисти поддржани од српската милиција насилно спречија неколку илјади Македонци од Македонија и Србија да го посетат манастирот Прохор Пчински и да го одбележат Илинден.

Една година подоцна Албанците го бојкотираа референдумот за незавиност и не гласаа за првиот Устав на Република Македонија. Истата година Грција започна меѓународна дипломатска офанзива со која се негира правото на користење на името Македонија. Во 1994 воведоа трговско ембарго.

Следен пат имајте ги овие работи (и многу други сопки кои ни беа поставени во тој клучен период) кога некој ќе каже “не нè бива за држава”.

Во продолжение погледнете го целиот едукативен филм од каде што потекнува фотографијата:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.