Полнеше мрежи во ПСВ, а играше и за Челзи, ПСЖ, Атлетико Мадрид – сега изгледа непpeпознатливо и запycтено (Фото)

Последните објавени фотографии на Матеја Кежман, прикажуваат сосема различна слика од тоа што беше поранешниот напаѓач на Партизан, ПСВ, Челзи, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Фенербахче …

Сивата коса, долгата брада и запуштениот физички изглед се сосема несвојствени за некој којшто има само 41 година и до пред осум години бил професионален фудбалер.

Кежман минатата година го доби своето петто дете. Синот Лука е првото дете на Кежман со неговата трета сопруга, Тара Шумоња, со која се венча во 2018 година.

Со првата сопруга, Емилија Кежман, Матеја има три деца, Лазар, Александар и Јаков, додека со Марија Перковиќ го има синот Филимон.

Кежман во својата кариера настапуваше за ПСВ, Челзи, Атлетико Мадрид, Фенербахче, ПСЖ, Зенит… Најдобрите времиња ги помина во дресот на ПСВ каде во 122 настапи постигна 105 погодоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.