Како и гpaдот, така и Победа се pacпаѓа? Црвено-белите не можат да ја победат ниту Слога од Виница

Вчера попладнето на стадионот на Могилата, по студено и ветровито време во меч од 18-тото, последно коло од вториот круг на првенството на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа одиграа нерешено 1-1 со Слога од Виница.

Oва беше петти нерешен меч од вкупно досега одиграните 9 дуели за бодови на свој терен. На лошиот и тврд терен се играше брзоплето со многу грешки на двете страни, доста неповрзано и со прескокнување на играта, со многу малку организирани акции и шанси за гол, а најневработени беа голманите-Котевски немаше ниедна, а Јованоски само една интервенција.

Гостите рано поведоа веќе во 8-та минута, а Победа по којзнае кој пат по ред прими гол од прекин-од слободен удар.

По центаршут, Каралиоски не го блокираше навреме и не беше доволно блиску да го попречи стрелецот на голот Момироски, кој со глава ја затресе домашната мрежа.

Победа беше јалова во поле, без идеја и тешко успеваше да ја разбие добро организираната дефанзива на поискусниот гостински состав.

Во вториот дел со измените од клупата и поместувањата во распоредот на играчите, се направи последен обид за да се стигне до погодок.

Најпрвин обидот на Најдов го одбрани Јованоски, но сепак израмнувањето стигна во 88-та минута, кога по центаршутот на Бошески, длабоко во казнениот простор на гостите голманот Јованоски тргна да интервенира, но во букетот на играчи, еден негов соиграч удри во него, со што го оневозможи во интервенцијата, па топката со глава ја зафати нововлезениот Петровски, и таа помалку среќно заврши во празната гостинска мрежа за конечни 1-1.

Победа: Котевски, Бошески, Петкоски, С. Спиркоски (од 65 мин Петроски), Стомнароски, Каралиоски (од 29 мин Митрески), Дунимаглоски (од 65 мин Дамевски), Јошески, Кисески-Илијоски (од 81 мин Симјановски), Најдов и Грозданоски.

Резултати од 18-то коло: Победа-Слога Виница 1-1, Плачковица-Осогово 0-1, Саса-Тиквеш 1-2, Росоман-Брегалница 1-5 и Кит Го-Кожуф 3-0.

Табела: Брегалница 48, Тиквеш 41, Кит-Го 28, Кожуф 26, Осогово 23, Саса и Слога по 21, Победа 15 Плачковица 11 и Росоман 8 бода.

Во наредното 19-тто(прво коло од третиот круг) ќе играат: Кит-Го – Победа, Брегалница-Саса, Тиквеш-Слога, Кожуф-Плачковица и Осогово-Росоман.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.