И таа има своја точка на вриење: Колинда се изнервира и му го зеде микрофонот на новинарот (ВИДЕО)

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ остро ја осуди работата на Министерството за надворешни и европски прашања, бидејќи не ја информирало јавноста за Маракешката декларација за правна миграција и тоа сега предизвикува контроверзии околу тој документ.

Грабар-Китаровиќ рече дека „ниту ја поддржува ниту не ја поддржува” Маракешката декларација. Таа смета дека е потребен глобален договор за миграција, но „тој не смее да биде спорно прашање меѓу државите”.

„Од ден на ден има се поголем број држави кои се откажуваат од овој договор од различни причини. Јас не се водам според САД, ниту според Австрија ниту според било која земја, туку за интересите на Република Хрватска”, истакна таа.

Oбраќањето на Колинда до новинарите, беше проследен со една необична ситуација во која Колинда во еден момент му го одзеде микрофонот на новинарот на Н1, кој постојано ја прашуваше за Договорот од Маракеш, и не го пушти од раката повторувајќи дека веќе одговорила на сите прашања.