„Етно“ е тематската изложба на слики од Драги Хаџи Николов од Гевгелија, што беше отворена во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а на која уметникот се претстави со 25 дела преку кои пренесе една убава македонска приказна која плени. Хаџи Николов по втор пат се претставува пред прилепските љубители на уметноста, а неговите дела се нераскинливо поврзани со етнографското творештво и носат јасни и прецизни безвременски пораки со многу естетика.
Веднаш по изложбата, љубителите на културата имаа можност да присуствувват на плоштадот „Александрија“, на камената бина каде се одржа манифестацијата „Изворен фолклор на балканските народи“ на која земаа учество КУД „Бисер“ од Македонија, КУД „Гоце Делчев“ од Бугарија и КУД „Лесковац“ од Србија, кои го презентираат богатиот изворен фолклор на своите земји.