Излезе најновата месечна прогноза: Снегот доаѓа многу брзо

sneg

Излезе најновата месечна прогноза од Американскиот институт за атмосфера и океани – NOAA која ги разгледува климатолошките изгледи за месец јануари. Од истата вкупните изгледи за првиот месец од 2016 не се баш сјајни во однос на очекувањата за вистинска зима, пренесува специјализираниот портал за временска прогноза, MeteoPro

Oд картата на температурна аномалија, може да се види дека очекувањата на овој климатолошко – прогностички модел се во насока на натпросечно топлол јануари, особено на северниот дел од Балкан, и тоа за околу 2 – 3°С над просекот. Јужниот регион исто така се очекува да биде над просечно топол, но за околу 1°С до 2°С.

Кај врнежите исто така се очекува дефицит во однос на просекот. Засега овој дефицит е прогнозиран да биде околу 0,5 литри на метар квадратен на ден.

Во однос пак на моделите кои обработуваат дневни прогнози, се очекува почеток на врнежите во јануари и тоа во првата половина. Засега има добри, прелиминарни, изгледи за снег на планините во периодот од 2ри до 5ти јануари, со можност снежната висинска граница да се спушти и под 400 метри.

 








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.