Општина Ѓорче Петров ќе додели 10.000 денари поддршка за секој ученик со попреченост во општината, информираше градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој истакна дека со оваа мерка, обезбедуваат еднократна годишна финансиска поддршка од 10.000 денари за сите ученици со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование.
„Оваа поддршка е наменета за полесно покривање на трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на учениците, затоа што секој ученик заслужува еднакви можности за учење, напредок и достоинствен живот“, посочи Стојкоски и притоа додаде дека инклузијата не смее да биде само збор, туку дека таа мора да биде конкретна грижа, мерка и поддршка.
























