Златоврв направи pacтyр на “Трчај бе” во Битола: Освоени 5 медали (Фото)

Изминатиот викенд се одржа третото издание на спортскиот настан во Битола, Трчај Бе. Учество зедоа повеќе од 1000 натпреварувачи во 3 дисциплини: трка на 5км, трка на 10км и полумаратонска трка, воедно и Балканско првенство во полумаратон.

17 членови на АОК Златоврв – Прилеп зедоа учество на атлетскатa трка на 5км , која се карактеризира со благи успони и искачување од 30 м. Тркач(к)ите на АОК Златоврв се на возраст од 8 до 69 години и се закитија со 5 медали (2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени).

Женска конкуренција (индивидуално):
1 место: Милена Чкрипеска со време 20:41 (1/198)
3 место: Мери Чкрипеска со време 21:59 (3/198)

Женска конкуренција (екипно):
1 место: АОК Златоврв – Прилеп – вкупно време 1:39:54 (1/12)
(Милена Чкрипеска, Мери Чкрипеска, Ева Кузеска, Фросина Нацеска)

Машка конкуренција (индивидуално):
3 место: Михајел Ван Баелен со време 16:32 (3/247)

Машка конкуренција (екипно):
2 место: АОК Златоврв – Прилеп – вкупно време 1:28:07 (2/15)
(Михајел Ван Бален, Давид Трајкоски, Бојан Кузески, Бојан Балабаноски)






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.