Уште еден прилепчанец од Австралија донираше влезници за Победа: Секој кој не може да си купи, може да си подигне и да навива за црвено-белите против Вардар

Стигна втората донација влезници од Австралија. На располагање на вљубениците на Победа се ставени 100 влезници за утрешниот натпревар од 16-финалето од Купот на Македонија, кој прилепчани го играат против Вардар.

Откако викендов Maрио Јосковски, прилепчанец од Австралија донираше средства за 115 влезници за натпревартот Победа-Саса, сега и Гоце Павлески од Сиднеј испрати донација за вљубениците во фудбалот.

100 влезници се ставени на располагање за секој оној кој сака да навива за Победа, а не може да си дозволи да купи влезница.

Билетите можат да се подигнат од “Гостилница кај Кекеле” и ве замолуваме иситете да стигнат само во вистински раце.

Секоја чест за нашинците од прекуокеанските земји и се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина и ќе ја следат и други нашинци од дијаспората.

Прилепчанец од Австралија купи 115 карти за натпревар на Победа: Кој не може да си дозволи карта, може да си подигне во оваа гостилница






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.