Златното момче од Прилеп останува во Битола, ама сега прекомандан во првиот тим на шампионот

Еурофарм Пелистер продолжува со стратегијата за развој на сопствени играчи, откако официјално потврди дека младиот ракометар Ненад Белистојаноски од следната сезона ќе биде дел од првиот тим.

Станува збор за 21-годишниот прилепчанец кој игра на позиција десно крило, кој и покрај тоа што е од Прилеп, целосно се афирмираше во Битола, минувајќи ги сите младински категории во системот на клубот. Белистојаноски досега настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, но сега ќе биде прекомандуван и ќе игра во првиот тим.

Белистојаноски се обврза на договор до јуни 2028 година со шампионот на Македонија. 2

Официјалното претставување на Белистојаноски како член на Еурофарм Пелистер е предвидено на почетокот од подготовките за следната сезона.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.