По враќањето од фронтот на југот на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите војници не се сомневаат во победата против Русите.
Зеленски, кој ретко излегуваше надвор од главниот град Киев од почетокот на руската инвазија, вчера за прв пат го посети Миколајев на југ.
Никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се, а морето ќе биде украинско, ќе биде безбедно“, се наведува во видеото што Зеленски го објави на Телеграма при враќањето во Киев.
Зеленски ги посети украинските војници и им се заблагодари за нивната „херојска служба“ во борбата против руските сили поддржани на исток од областа на анектираниот Крим.
„Важно е да сте живи. Се додека сте живи, постои силен украински ѕид кој ја штити нашата земја“, им рекол тој на војниците.