“Збecна” фонтаната во центарот на Прилеп, исто како и сметките кои се за 60% повисоки? (Видео)

Фонтаните во Прилеп деновиве се предмет на препукување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и директорот на ЈКП Водовод и канализација

Деновиве од опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа со прес конференција дека ЈКП Водовод склучило договор во вредност од близу 1 милион денари за одржување на фонтаните, но истите не се во функција.

Директорот на претпријатието, Емил Јанески, три дена после прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, излезе со реакција дека локалната власт во минатото плаќала повеќе за одржување на фонтаната пред Комерцијална банка.

Во меѓувреме најголемата фонтана во центарот на Прилеп беше ставена во функција, но денеска граѓаните беа сведоци дека истата е во дефект и исфрла вода наоколу.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.