Заљубени како првиот ден: Како францускиот претседател ја освоил професорката по книжевност

Биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон (43) открива детали за неговиот живот со 25 години постарата сопруга Брижит Макрон (68)

Автор е познатата француска новинарка Гаел Чакалоф (49), која се спријателила со семејството Макрон во 2016 година, а постојано ги следела речиси 2 години, па ја напишала биографијата “As Long as We’re Together”.

– Тие се многу поврзани, имаат заеднички распоред и од минута во минута знаат кој што прави. Уверени се дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот заминува на спиење по разговор со сопругата која е лудо заљубена во него. Таа некогаш спие и воопшто не го слуша што и зборува, но поголем дел од времето таа го чека. Макрон и се јавува на сопругата на секој час и половин, а сите одлуки и чекори ги преземаат заедно.

– Двајцата се многу интелегенти, поврзани на различни нивоа, но и покрај тоа, сеуште се заљубени. Двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е таков. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е преполн со литерарни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку љубовна. Кога ќе ги видев заедно, а ги гледав често, секогаш се држеа за рака и се бакнуваа на лицето,
открива авторката.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.