Заврши јубилејниот 50 МТФ ,,Војдан Чернодрински,,

Со доделувањето на наградите и со изведбата на претставата ,,Солунски патрдии,, во режија на Коле Ангеловски,, на Драмскиот театар, во чест на наградените, заврши јубилејниот 50 МТФ,, Војдан Чернодрински,,. Најдобра претстава во целина е ,,Електра,, во режија на Андриј Жолдак на МНТ од Скопје. Награди им беа доделени и на режисерот Андриј Жолдак за најдобар режисер. Дарја Ризова ја доби наградата за главна женска, додека наградата за најдобра женска споредна улога заминa во рацете на Ѕвездана Анегeловска за улогата на Клитеменестра. Наградата за најдобар млад актер ,,Трајко Чоревски,, ја доби Александар Ѓорѓиески за улогата на Орес во ,,Електра,,.
Наградата за главна машка улога замина во рацете на Адем Карага, додека Специјалната награда на фестивалот за колективна игра и осовременување на класиката за нашиот ансамбл ,,Војдан Чернодрински,, за претставата ,,Сон на летната ноќ,, во режија на Нела Витошевиќ.
Наградата за текст ја доби Благица Секуловска за текстот ,,Безљубни,, наградата за сценска драматизација на Деан Дамјановски, наградата за машка епизодна улога ,,Димче Трајковски,, ја доби Митко Апостолски, наградата за млада актерка ќе и се додели на Слаѓана Вујошевиќ.
Наградата за сценографија му припадна на Валентин, за костимографија на Благој Мицевски, за музика на Марјан Неќак, за кореографија и сценски движења на Елена Прокопиева, а за рекламен материјал на Бруно Јовановски.
И овој фестивал покажа дека е огледало на македонскиот театар и дека луѓето што го покренале пред 50 години, меѓу кои предводникот Илија Милчин, знаеле дека Прилеп е добра почва за театар.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.