Заврши општинската лига во Американски билјард во Прилеп: Ова се најдобрите за оваа сезона (ФОТО)

Во просториите на клубот од Здружението на билјардисти Прилеп, од 12 декември 2022 до 17 мај 2023 година, се одржа втората општинска лига во Американски билјард – дисциплина деветка.

21 играч на број се натпреваруваа во 21 коло, а оваа сезона најдобра игра покажаа Благоја Недановски, кој ја освои лигата и се закити со златниот медал, Коста Катов беше втор, а Кире Зајкоски го освои третото место.

-Ние како здружение на билјардисти Прилеп, по прикажувањето на врвни резултати во овој спорт се надеваме дека во иднина ќе добиеме нови членови (јуниори и сениори) љубители на овој спорт, како би станале подоминантни на сите натпреварувања. Следната општинска лига ќе започне во октомври, во дисциплина осумка. Се надеваме дека во иднина ќе наидеме на помош од локалната самоуправа. Честитки до медалистите – порачаа од прилепскиот билјард клуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.