Заврши “дербито” Победа-Кожув

Нов натпревар и нов пораз за фудбалерите на Победа во Втората лига – Исток.

Попладнево на стадионот на Могила во Прилеп, Победа беше минимално поразена со 0:1 од Кожув од Гевгелија.

Ова беше деветти пораз за црвено-белите или четврти последователен, што ја остава Победа закована на 7-то место на табелата, кое води уште еден ранг подолу.

Под Победа се само екипите на Осогово и Питу Гули, а екипата на Плачковица на прилепчани им бега 4 бода.

Стрелец на единствениот погодок попладнево беше Даниел Лазаровски во 51-та минута, доволно за 3 бога за гевгеличани и продолжување на трката за првото место со Тиквеш.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.