“Жабјарник во фонтаната, близу до угостотелскиот објект на Министерот во Прилеп? Градот се распаѓа?” (ФОТО)

Прилеп своевремено важеше за еден од најчистите и најуредени градови во државата!

Особено централното градско подрачје, кое целосно се промени во изминатите 12 години, а прилепчани конечно станаа горди на својот град.

Фонтани, плоштади, пешачки патеки, зеленило…. се дел од убавините на градот кои на радост на сите прилепчани беа изградени во нивниот град.

Денеска, само 10 месеци откако новата локална власт застана на чело на градот многу работи се променија, за жал на полошо.

Една од најубавите фонтани во градот на плоштадот “Александрија” се претвори во жабјарник.

Фонтаната која беше атракција и место каде особено навечер се собираат голем број млади луѓе, се претвори во грозна бара, а “заслуга” за тоа најмногу има негрижата на локалците.

Ова е срам и нешто што Прилеп не го заслужува!

Еве како истата таа фонтана изгледа во целиот свој сјај: