Ефтимов во интервју за “Јавно.мк”: Власта го растури правниот систем, го расцепка за да го користи за свои цели

Интервју на Дајанчо Ефтимов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот “Јавно.мк”, за состојбите во земјата, подготовките за претстојните парламентарни избори и резултатите од истите.

ЈАВНО.МК: СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈ АКТУЕЛЕН ПРОБЛЕМ НА КОЈ СТЕ ФОКУСИРАНИ И КАКВИ РЕШЕНИЈА ЌЕ ПОНУДИ ВМРО-ДПМНЕ?

“Политичката и општествена сцена во земјава помина низ бурен период кој резултира со закажани предвремени избори, а случувањата на сите ни открија дека граѓаните и нивните потреби во перцепцијата на актуелната извршна власт се ставени, фрлени на маргината .

Токму заради тоа оценките на граѓаните со кои се среќаваме се изразено негативни. А, такви се веќе оценките и мислењето на странските претставници на држави и организации.

Како правник, еден од главните проблеми кои се во фокус на моето дејствување е правната држава, владеење на правото и еднаквоста на граѓаните пред законот, демократските капацитети на институциите. За тоа како функционира правната држава и каква правда им се нуди на граѓаните најдобро говори крахот на реформите на правосудтвото. Во моите претходни јавни настапи истакнувавме дека не може носител на реформите во правосудството да биде Премиерот кој водено е економист. При самото формирање на советот за реформи стручните лица и авторитетите од таа област одбија да влезат а по извесно време и се повлекоа и го оставија сам СДСМ да го прифати заклучокот дека она што го предложија е неуспешен проект.

Конкретно, во прилог на подобрување на состојбите ВМРО-ДПМНЕ предлага ново законско решение за Јавното обвинителство во кој би се инкорпорирале и надлежностите на досегашното таканареченото Специјално обвинителство. На тоа ревносно ее противи актуелната власт бидејќи постојат тековни криминални активности кои би можеле да се гонат. Заложба на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да се преиспита потеклото на имотот на сите политичари и јавни носители на функции за секој за кој ќе се утврди таква потврда.

Скандалот со случајот Рекет секојдневно метастазира односно се во предистрагата и истрагата се повеќе се вклучуват личности од јавнио живот кој биле вплеткани во оваа мрежа, меѓутоа самиот органот кој треба до крај да го проследи случајот се однесува инертно – очигледно мотивиран од политички .

Да потсетиме на скандалот со телефонско јавување на Премиерот до еден од градоначалниците од нивните коалициони партнери кои исто така се влијателни во нивните партии заради правниот систем во кој што бара да влијае на разрешување и назначување на судија со што фактички влијае на политичко решение за составот на Врховен суд.
Нарачани предистражни и истражни постапки, нарачани пресуди и притвори јасно покажуват дека наместо својата оргинерна задача правосудниот систем е ставен во функција на потребите на извршната власт, односно на врхушката од партијата на власт.

Конечниот заклучок е актуелната власт го растури правниот систем. Под изговор дека е корумпиран. Го расцепка правниот системот на помали делови за да може да го користи за свои цели. Потоа, започна прогон врз опозицијата со намера да си отвори простор за непречено коруптивно дејствување врз политичките конкуренти, од што најмногу штета претрпеа бизнис секторот и стопанството.

Но, јас секојдневно се среќавам со сограѓаните. Ги следиме состојбите во разни случаи на поединци и организации кои се жалат и се обидуваме на најбрз начин да најдеме решение за сите проблемите. Повеќето од проблемите веќе ни се изложени во рамките на Разговори за обнова на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди солидни решенија со кои ќе се воспостави правен поредок и демократски систем на вредности како и владеење на правото во сите сегменти на општественото живеење”.

Целосното интервју прочитајте го ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.