ЕВЕ КАКО ЖИВЕАТ ХАБИБ И КОНОР: Додека Мекгрегор ужива во луксуз, Русинот спие на метален кревет

Конор Мекгрегор беше поразен во борбата со Русинот Хабиб Нурмагомедов која се одржа во саботата во Лас Вегас.

Ирецот ќе се обиде да го преболи поразот во својата луксузна вила која ја купи минатото лето.

Вилата се наоѓа во близина на Малага, Шпанија. Сместена во луксузниот комплекс “The Heights” вилата е проценета на 17 милиони евра.

За разлика од него, Русинот ја прослави најважната победа во кариерата, скромно со најблиските роднини и пријатели.

Хабиб се гордее со она што го има. Тој живее во неговото родно село Силда кое се наоѓа на врв на планина.