Дpaма во Белград: Тинejџep ykpaл автобус од градски пpeвоз и возел со километри, па дури зacтанувал на постојки

Вистинска драма се одвивала пред два дена во попладневните часови во центарот на Белград, кога 17-годишник, без возачка дозвола, киднапиpaл автобус од градскиот превоз, а потоа го возел и застанувал на постојки.

Настанот се случил околу 13:15 часот на терминалот Бирчанинова, на Славија. Како што дознава српски “Блиц”, возачот на автобусот кој се сообраќајл на линијата 59 ја завршил својата смена, го паркирал и угасил возилото бидејќи неговиот колега доцнел.

Тоа го искористил С.Б. кој на сеуште неразјаснет начин влегол во автобусот.

“Полицијата брзо реагираше, го пресретна автобусот и го приведе осомничениот. Возилото немаше никаква оштета и беше избегнат потежок инцидент. И благодариме на полицијата за брзата реакција и сега останува истрагата да утврди што точно се случило”, вели за “Блиц”, Драго Тошиќ од Конзорциумот на приватни превозници.

Како што велат некои од возачите, се работи за момче кое им е познато, односно кое “сака да се дружи и да зборува со возачите од јавниот превоз”.

Сепак, целата приказна има неколку неверојатни детали: од тоа како тинејџерот воопшто успеал да влезе во автобусот, да го стартува, а потоа и со километри да вози по рамната траса, па дури и да не предизвика несреќа, ниту материјална штета.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.