Девојките од Прилеп се закитија со шест медали на Државното првенство во борење, кое се одржа во Кочани – ФОТО

Вчера во Кочани се одржа Државното првенство во борење за пионери и пионерки, на кое учество зеде и Боречкиот клуб “7-ми Мај” – Златна рака од Прилеп.

Прилепчани забележаа одлични резултати и освоија две први места, едно второ и три трети места во женска конкуренција.

Со први места се закитија Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска, втора беше Јована Мидовска, а третопласирани завршија Анабела Стојаноска, Јована Тодороска и Ана Марија Мицкоска.

Во севкупен пласман, БК “7-ми Мај” – Златна рака го освои второто место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.