Љубителите на театарската уметност на 26 август (среда) ќе имаат можност да уживаат во несекојдневна културна вечер во Кривогаштани, каде за првпат на отворено ќе биде изведена претставата „Девојките на Марко“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Настанот е во организација на Општина Кривогаштани и ќе се одржи во дворот на реновираното училиште, со почеток во 20:00 часот.
Публиката ќе има можност да ја проследи една од најпознатите претстави на прилепскиот театар во уникатен амбиент – под отворено небо, што ќе придонесе за поинакво и посебно театарско доживување.
Од Општина Кривогаштани ги покануваат сите жители да бидат дел од оваа културна вечер и заедно да уживаат во магијата на театарската уметност под ѕвезденото небо.
Влезот за претставата е слободен.
























