Далеку си ти Прилепе од Европа, а можеби само Европа е далеку од тебе (Видео)

Oва е секојдневна слика во центарот на Прилеп. Цели чопори бездомни кучиња се шетаат низ прилепската стара чаршија, низ плоштадите и околу градската Саат кула.

Ќе се најде ли јунак еднаш засекогаш да го реши овој горлив проблем и да го олесни движењето на граѓаните низ централното градско подрачје?

За да не бидеме сфатени погрешно, целта на овие објави е да се апелира до локалните власти да поработат на овој проблем, да се отстранат бездомните животни низ градот, да се сместат во стационар кој располага со хумани услови и хуман третман, а не да се повика на линч кон нив и нивно истребување.

Ова се невини суштества кои заслужуваат грижа и хуман третман, а од друга страна и граѓаните заслужуваат безбедно да се движат низ градските улици.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.