Гpyeвcки се yште нajaвyва нови инвecтиции во Maкедонија: Деновиве “Keмет Електpoникc” ќе започне да гpaди нова фабpика

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ 1 Скопје, да објават дека планираат да одат во својата следна фаза на нивниот долгорочен план за инвестирање во Македонија и да објават градба на втора фаза(втора фабрика) на нивниот стратешки план за инвестирање во Македонија. Да потсетам дека од тогашната опозиција а денес власт бевме жестоко критикувани дека ,,фрламе пари за реклами на СИЕНЕН,, – напиша на ФБ поранешниот премиер Никола Груевски.

– На отворањето на нивната прва фабрика нивниот прв човек во тоа време објави дека Македонија му го привлекла вниманието токму одкако ја видел една од рекламите на СИЕНЕН. Потоа тие не контактираа и Виктор Мизо заедно со нивниот прв човек во фабриката во Ќустендил, договорија средба во Милано во рамки на еден друг настан па по 10 дена додјоа на посета цел тим заедно со првиот човек на компанијата директно од Америка.

Сигурно сегашната власт ќе сака да си препише барем дел од заслугата за ова втора фаза (втора фабрика) на Кемет Електроникс, но добро е да знаат дека да не беше рекламата на СИЕНЕН тие денес немаа да имат чуено за оваа американса фабрика. Затоа пак ќе кажам дека треба да се внимава кога се критикува.

И не само тоа. Презадоволни од третманот кој го добија во Македонија, т.н. ,,after care,,, нивниот претседател на УО се согласи да биде присутен на дури четири roud show-a и тоа во Детроит и Колумбус во САД, но допатува и во Сеул и Токио за да ја промовира Макеоднија пред други потенцијални инвеститори презентирајки ги своите одлични искуства во Македонија каде веќе имаа инвестирано пред повеќе од 300 претседатели на компании во овие градови. Така се работи тоа.

Најдобра реклама е кога ќе даде позитивна изјава некој глобален магнат кој веќе инвестирал во земјата, во смисла дека е презадоволен од одлуката – пишува Груевски.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.