Господ да те чува од женска беља: Италијанец пропешачил 400 километри по кавгата со сопругата

Човекот бил запрен од полициска патрола рано во понеделникот во близина на Фано, во централна Италија.

Беше уморен и настинат, изјави пред новинарите полицискиот службеник Антонио Скванси.

Човекот и рекол на полицијата дека се скарал со својата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо. Најпрво патувал со воз до Милано, а потоа започнал да пешачи. Неговата цел бил регионот Пуља на југот на земјата.

Фано, каде што беше запрен „патникот“, се наоѓа на 379 километри од главната станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење, без запирање.

Полицијата го одвела човекот во хотел и ја повикале неговата сопруга која дошла по него.

Скванси ги негираше извештаите во медиумите дека полицијата му напишала казна на човекот за кршење на националниот полициски час од 22 часот до 5 часот наутро.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.