Горазд Росоклија за Јоханес Хан: “Kaков предлог може да даде човек обвинет дека за својот докторат украл туѓи резултати?”

По низата пораки од еврокомесарот Јоханес Хан дека референдумот во Македонија наводно бил успешен иако не е исполнет цензусот, на ваквите негови срамни тврдења реагираше и професорот на универзитетот во Колумбија, Горазд Росоклија.

Тој запраша каков предлог може да даде човек обвинет дека за својот докторат на Универзитетот во Виена, украл туѓи резултати и погрешно ги интерпретирал истите. За крај Росоклика посочи дека тој е олицетворение на европските вредности.

“Каков предлог освен криминален може да даде човек обвинет дека за својот докторат на универзитетот во Виена, украл туѓи резултати и да е срамот поголем, погрешно ги интерпретирал?

Олицетворение на европски вредности”, напиша професорот Горазд Росоклија на својот Фејсбук профил.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.