Голема ѕвезда, но и голем човек: Лука собра 2,2 милиони долари за помош на детенце од Словенија (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше Далас маверикс до триумф против страшниот Лос Анџелес лејкерс и Леброн Џејмс со 114-100, а притоа младиот играч покажа дека има големо срце.

Дончиќ пред натпреварот против Лејкерс се сретна со малиот Крис од Словенија, кој боледува од ретка болест – спинална мускулна атрофија, а исто така собрал заедно со останатите Словенци над 2,2 милиони долари за негово лекување.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.