Македонскиот тим постигна одличен успех на 58. Светска олимпијада по хемија (IChO), која се одржа од 9 до 19 јули 2026 година во Ташкент, Узбекистан, во конкуренција на 363 ученици од 93 држави.
Најголемиот успех го оствари Теона Ана Георгиевска од ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје, која освои бронзен медал.
Меѓу членовите на македонскиот тим беше и Георги Николоски од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, кој освои пофалница, заедно со Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип и Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје.
Освоените пофалници претставуваат значаен успех, бидејќи нивните резултати биле на само неколку бодови од границата за освојување медал.
Подготовките за олимпијадата беа организирани од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), со вклученост на поранешни олимпијци, денес студенти на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, како и соработници, асистенти и професори од Институтот за хемија во Скопје.
Овој резултат претставува уште една потврда за квалитетот на младите македонски хемичари и нивната успешна подготовка за настап на највисоко светско ниво.
Честитки до сите ученици, нивните ментори и до сите кои придонесоа за овој значаен успех на Република Македонија.




























