Во целосно поинакво светло: Мицкоски во “Еден на Eден” кај Жаре – еве како оделе подготовките за снимањето (Фото)

Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре.

-Не е проблем, сликајте ме додека се подготвувам, ама не знам дали без наочари, луѓето таков не ме знаат, рече Мицкоски додека се подготвуваше.

Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицкоки. И малку музика.

Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски.

Извор: “Еден на Еден”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.